Утрински Весник
Спорт

Уште една ѕвезда на залезот на кариерата ќе заврши во Ал Наср

Уште една ѕвезда на залезот на кариерата ќе заврши во Ал Наср

Фудбалскиот клуб Ал-Наср има големи планови во зимскиот преоден рок. Познато е дека клубот од Саудиска Арабија му понуди нестварна сума на Кристијано Роналдо. Според голем број релевантни извори овој трансфер ќе биде заклучен на 1.јануари. Покрај Роналдо, Ал Наср има план да го донесе и неговиот поранешен капите, Серхио Рамос.

dobivaj vesti na viber

Рамос има договор со ПСЖ до 30. јуни, што значи дека за шест месеци ќе биде слободен играч.

ПСЖ најверојатно нема да се обиде да му понуди нов договор, па не е исклучено да го ослободат од обврските шест месеци пред истекот на договорот.

Рамос пред 18 месеци пристигна во Париз. Речиси е да не играше во првата сезона, поради честите повреди. В втората успеа да фати место во тимот, но на сите им е јасно дека е далеку од вистинската форма.

Нема да биде изненадување доколку Рамос ја прифати понудата од Саудиска Арабија.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет