Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во посета на мал групен дом во склоп на ЈУ Детски дом „11 Октомври“

Ковачевски во посета на мал групен дом во склоп на ЈУ Детски дом „11 Октомври“

Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретнаа со децата згрижени во мал групен дом во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски и децата разговараа за училишните и секојдневните предизвици со кои се соочуваат, за нивната иднина, како и позитивните промени кои малите групни домови ги имаат направено за нивна ресоцијализација. Децата споделија семејни моменти со премиерот, посочувајќи дека сите кои се сместени овде заедно со нивните воспитувачи функционираат како едно семејство, добивајќи ја потребната грижа и поддршка.

Формирањето на мали групни домови овозможи премин од систем за социјална грижа заснован на големи и сегрегирачки институции кон систем на социјални услуги во заедницата за достоинствен живот на секое дете.

Процесот на деинституционализација се покажа како успешен проект бидејќи малите групни домови не се само место за живеење туку место во кое децата се социјализираат, создаваат чувство на семејна грижа, позитивни животни навики. Преку групните домови се создава чувство на љубов. Групните домови се средини во кои се овозможува правилен раст и развој на децата, како и подготовка на децата да бидат независни и самостојни во понатамошниот живот.

Можете да прочитате

Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака, ќе бараме внатрешна контрола

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице за недозволена трговија со дрога и економски криминал