Обединетите нации соопштија дека некои „временски критични“ програми во Авганистан се привремено стопирани и предупредија дека многу други активности, исто така, најверојатно ќе мора да бидат суспендирани поради забраната за хуманитарните работници од администрацијата предводена од Талибанците.
Шефот на хуманитарната помош на ОН, Мартин Грифитс, шефовите на агенциите на ОН и неколку хуманитарни групи изјавија дека „ за учеството на жените во испораката на помошта не може да се преговара и тоа мора да продолжи“, повикувајќи ги властите на промена таа одлука.
„Забраната за хуманитарна работа на жените има непосредни, опасни по живот последици за сите Авганистанци. Некои програми кои беа временски критични веќе мораа привремено да бидат прекинати поради недостиг на женски кадар“, се наведува во соопштението.
„Ќе се обидеме да продолжиме со активностите кои се важни за спасување животи, но предвидуваме дека многу активности ќе мора да се прекинат бидејќи не можеме да обезбедиме основна хуманитарна помош без хуманитарни работници“, додаваат агенциите.
Забраната за хуманитарните работници ја објави администрацијата предводена од исламистичките талибанци. Ова уследи по минатонеделната забрана на жените да посетуваат универзитети. На девојчињата им е забрането да посетуваат средно училиште.
„Ниту една земја не може да си дозволи да исклучува половина од своето население од придонес во општеството“, се наведува во соопштението што го потпишаа шефовите на УНИЦЕФ, Светската програма за храна, Светската здравствена организација, Програмата за развој на ОН и високиот претставник на ОН и комесарот за бегалци и човекови права.
Одделно, 12 земји и ЕУ заеднички ги повикаа Талибанците да ја укинат забраната за хуманитарните работници и да им дозволат на жените и девојчињата да се вратат на училиште.