Утрински Весник
Спорт

Трагични порази за Денвер и Милвоки, Зајон и пресуди на Минесота

Трагични порази за Денвер и Милвоки, Зајон и пресуди на Минесота
Dik 300x250 mk

Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо повторно ја пробија границата од 40 поени, но овојпат не им помогнаа на своите тимови да забележат победи. За разлика од нив Зајон Вилијамсон со личен рекорд го предводеше Њу Орлеанс до победата.

dobivaj vesti na viber

Јокиќ постигна 40 поени, но неговите Денвер Нагетс, доживеаја минимален пораз во Сакраменто 127:126. Без Арон Гордон и Џамал Мареј, Нагетс испуштија предност од 19 поени која ја имаа во втората четвртина.

Јокиќ на пет секунди до крајот промаши шут за победа.

Кај Кингс тројца кошаркари постигнаа 95 поени. Најефикасен беше Малик Монк со 33 поени, Дирон Фокс додаде 31 со 13 асистенции, додека Домантас Сабонис забележа 31 поен, 10 скока и пет асистенции.

Чикаго и Милвоки играа продолжение, славеа Булс со 119:113. Милвоки на неверојатен начин го загубија овој натпревар, во последниот период влегоа со предност од 15 поени, а на 90 секунди до крајот водеа со осум поени.

Јанис Адетокумбо постигна 45 поени (сезонски рекорд) на кои придодаде 20 скокови. Чикаго го предводеше Демар Дерозан со 42 поени, 10 од нив постигна во продолжението.

Минимална победа 119:118 забележаа Њу Орлеанс Пеликанс над Минесота Тимбервулвс. Зајон Вилијамсон постигна рекордни во кариерата 43 поени. Крилниот центар во целост ги неутрализираше Дианџело Расел и Ентони Едвардс, двајцата за Минесота постигнаа по 27 поени.



Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони