Утрински Весник
Спорт

Георгиевски: Ако не веруваме во себе, тогаш воопшто да не одиме на СП

Георгиевски: Ако не веруваме во себе, тогаш воопшто да не одиме на СП
Dik 300x250 mk

Македонската ракометна репрезентација со победа и пораз ги заокружи двата пријателски натпревари против Црна Гора во Маврово, што беа први контроли за селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници во текот на подготовките за претстојното СП 2023 во Полска и Шведска.

dobivaj vesti na viber

Македонија се наоѓа во тешка прелиминарна група, ќе игра против Норвешка, Холандија и против Аргентина, но иако ќе имаме подмладен состав, сепак, оптимизмот е присутен.

„Групата е тешка, но ако не веруваме во себе тогаш подобро да не одиме на СП. Лесни противници нема во спортот и ракометот, но во Краков не одиме со бело знаме, туку да се пласираме во главната рунда. Имаме голем број репрезентативци од домашното првенство, што не мора да биде само недостаток. Го играме истиот систем и во клубовите и тоа може да ни помогне да дојдеме добро воиграни на Светското првенство“, изјави десното крило, Гоце Георгиевски.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс