Утрински Весник
Спорт

Русите ја одложија одлуката за „преселба“ во азиската федерација

Русите ја одложија одлуката за „преселба“ во азиската федерација

Рускиот фудбалски сојуз (РФУ) го одложи гласањето за заминување од УЕФА и преселба во азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), но потврди дека ќе се донесе одлука до крајот на годината. Извршниот комитет на РФУ требаше да гласа на денешната седница по консултациите минатата недела, но реши да го одложи гласањето.

dobivaj vesti na viber

„Потребни се дополнителни консултации за потенцијалната транзиија во АФЦ и гласањето ќе се оддржи на 31 декември“, се вели во објавата на федерацијата.

Руските фудбалски власти подолго време дискутираат за преселба во Азија, откако УЕФА и ФИФА им одредија суспензии по војната во Украина. Поради ова тие не добија шанса да играат во баражот за пласман на СП во Катар, а исто така се исклучени од квалификациите за ЕП во 2024 година. Руските клубови исто така се исфрлени од Лигата на шампиони и Лига Европа.

Претседателот на РФУ, Александер Дјуков минатата недела изјави дека ги познаваат „силите на вропскиот фудбал“, но дека федерацијата едноставно не гледа крај на проблемите со суспензиите. УЕФА, и покрај санкциите, се противи на заминувањето на Русија од својот состав.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност