Утрински Весник
Спорт

Црна Гора ги тестира македонските ракометари

Црна Гора ги тестира македонските ракометари

Ракометната репрезентација на Македонија почнува со пријателски натпревари како подготовка за настап на Светското првенство во Полска и во Шведска. Денеска, од 17 часот, македонските ракометари во Маврово ќе тестираат против Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

И двете репрезентации нема да бидат комплетни. Селекторот Кире Лазаров ќе го нема на располагање Филип Кузмановски, кој сѐ уште има клупски обврски и вечерва ќе игра за Хановер во Бундеслигата.

Црногорците се и без селекторот Зоран Рогановиќ и дури деветмина интернационалци, кои исто така имаат клупски обврски. Но, овој тест секако ќе биде под полза и за двете селекции.

Светското првенство почнува на 11 јануари, а Македонија ќе игра во Краков, против Аргентина, Норвешка и против Холандија.

Можете да прочитате

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони