Утрински Весник
Свет

Помилуван е екс претседателот на Јужна Кореја

Помилуван е екс претседателот на Јужна Кореја

Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг Бак, кој беше осуден на 17 години затвор за корупција, денеска доби претседателско помилување, соопшти министерот за правда во Сеул.

dobivaj vesti na viber

Ли е на списокот од повеќе од 1.300 осуденици кои добија специјално помилување „во рамките на поширокото национално единство преку помирување, толеранција и почит“, изјави министерот Хан Донг-хун за новинарите по состанокот на Советот на министри со претседателот Јун Сук-јеол.

Ли требаше да ја одлежи затворската казна до 2036 година, кога ќе наполнеше 95 години.

Во јуни, Ли беше условно пуштен од затвор, со кауција, поради неговата возраст и болест.

Можете да прочитате

Украина во март соборила над 33.000 дронови, што е месечен рекорд од почетокот на војната

Американскиот Сенат блокира обид на демократите да го спречат Трамп да преземе воена акција против Куба без одобрение од Конгресот

Кој воопшто ги донесува одлуките во Иран?