Утрински Весник
Свет

Курти на средба со КФОР и ЕУЛЕКС: Не смее да има барикади на патиштата

Курти на средба со КФОР и ЕУЛЕКС: Не смее да има барикади на патиштата

Косовскиот премиер Албин Курти во Приштина разговараше со командантот на КФОР, Анџело Ристуча, и со шефот на мисијата ЕУЛЕКС, Ларс Гунар Вигемарк, а како што соопшти косовската влада, на средбата било оценето дека на ниту еден пат на Косово не треба да се поставуваат барикади.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти владата на Косово, соговорниците заклучиле дека во однос на барикадите што Србите ги поставуваат на патиштата на северот на Косово неопходно е „да се врати слободата на движење“.

„Се зборуваше и за активностите на криминалните структури на северот на Косово, кои сериозно влијаат на безбедноста на земјата. На средбата беше договорено продолжување на блиската меѓуинституционална соработка и координација на акциите во служба на мирот и безбедноста за сите граѓани во Косово, што е заедничка цел и приоритет на институциите во Косово, КФОР и ЕУЛЕКС“, се наведува во соопштението.

Се додава дека во разговорот биле истакнати „докажаната професионалност, разумност и храброст на косовската полиција во одржувањето на безбедноста и јавниот ред на целата територија на Косово“.

Можете да прочитате

„Волстрит џурнал“: Трамп со цртеж од гола жена и порака за „прекрасна тајна“ му го честитал роденденот на Епштајн

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години