Утрински Весник
Свет

Путин: 99,9 отсто од Русите се подготвени да ги жртвуваат своите животи за доброто на земјата

Путин: 99,9 отсто од Русите се подготвени да ги жртвуваат своите животи за доброто на земјата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека 99,9 отсто од Русите се подготвени да ги жртвуваат своите животи за доброто на земјата. Путин зборуваше за ова во интервју со новинарот Павло Зарубин за време на божиќното шоу на ТВ-каналот „Росија 1“.

dobivaj vesti na viber

Рускиот лидер тврди дека се уверил во лојалноста на својот народ во последните неколку месеци, но и „во текот на целата историја на постоењето на Русија“, наведува руската државна новинска агенција ТАСС.

„Што се однесува до мнозинството, 99,9 % од нашите граѓани, нашиот народ кој е подготвен да жртвува сè за својата татковина, тоа не ми изгледа необично. Но, уште еднаш ме убедува дека Русија е посебна земја и има посебни луѓе“, рече Путин.

На прашањето за оние што дејствуваат против неговите цели, рускиот лидер рече дека тие не се „вистински патриоти“, но го потврди нивното право на „слобода на избор“.

„Нема ништо чудно во тоа што некои луѓе не се однесуваа како вистински патриоти бидејќи во секое општество секогаш има луѓе што размислуваат за своите интереси, односно за своите планови. Да бидам искрен, не ги осудувам. Секој човек има слободата на избор“, додаде рускиот лидер.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно