Утрински Весник
Свет

Амонијак се уште истекува, градоначалникот на Пирот: четири цистерни излетаа од шините, но ниту една не заврши во река

Амонијак се уште истекува, градоначалникот на Пирот: четири цистерни излетаа од шините, но ниту една не заврши во река

Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ денеска изјави дека од една цистерна се уште тече амонијак, а мерењата покажуваат дека концентрацијата на амонијак во Пирот е на нула.

dobivaj vesti na viber

Како што изјави, екипите на Секторот за вонредни состојби на местото на инцидентот, дека четири цистерни излетале од шините, и дека ниту една не завршила во реката и дека од таа една цистерна истече половина од волуменот на амонијак.

„Очекуваме дополнителни инструкции дали е можно да се изврши запечатувањето или во одреден момент ќе започне поместувањето на тие тенкови“, рече Васиќ и додаде дека следните чекори се да видиме како ќе бидат преземени следните чекори.

„Важно е луѓето што помалку да излегуваат од дома, иако состојбата со амонијакот според мерењата во Пирот е нула, но особено да се избегне приближување кон тој дел од теренот на клучката Пирот-запад. Полицијата блокираше автопатот“, рече градоначалникот, пренесува РТС.

Тој додаде дека треба да се утврди кои инспекции се надлежни, каква е состојбата на терен и како ќе се одвива во текот на денот и најави дека ќе се одржи состанок за мерките што треба да се преземат.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп