Утрински Весник
Свет

Лавина во Австрија, десет луѓе затрупани во снег

Лавина во Австрија, десет луѓе затрупани во снег

Лавина денеска затрупа околу десет лица во ски-центар во Австрија, јавува австриската новинска агенција АПА. Лавина со снег затрупа дел од ски-центарот Лех/Цуерс во западна Австрија, соопшти АПА, додавајќи дека едно лице е спасено.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 15.00 часот, а на местото веднаш биле испратени неколку хеликоптери со спасувачки екипи.

„Правиме се што е можно за да спасиме луѓе“, се вели во соопштението на општина Лех.

Во потрагата учествуваат околу 100 луѓе, а спасувачите побарале шлемови со монтирани светла за да продолжат со потрагата по жртвите и во темница, објави АПА.

Можете да прочитате

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка

Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја губиме војната