Утрински Весник
Спорт

Децата на Пеле ќе го минат Божиќ во болница со својот татко

Децата на Пеле ќе го минат Божиќ во болница со својот татко
Dik 300x250 mk

Децата на легендарниот бразилски фудбалер Пеле дојдоа во болницата каде е сместен нивниот татко за да го поминат Божиќ заедно, објавија на социјалните мрежи. Пеле (82), кој боледува од рак на дебелото црево од септември 2021 година, на крајот на ноември беше префрлен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

dobivaj vesti na viber

Лекарите во средата објавија дека болеста напредува и дека Пеле има проблеми со бубрезите и со срцето.

Неговиот син Едињо на Инстаграм објави фотографија на која го држи татко му за рака со порака: „Тато, мојата сила е со тебе“. Едињо, техничкиот директор на фудбалскиот клуб Лондрина, во јужната бразилска држава Парана, им се придружи на своите сестри Флавија и Кели, кои во последните денови често беа со својот татко во болница.

Во петокот, Кели на Инстаграм објави фотографија на која се гушка со својот татко во болничкиот кревет.

Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, кој на 17-годишна возраст играше за бразилската репрезентација на Светското првенство во 1958 година, освои три светски шампионски титули – во 1958, 1962 и во 1970 година.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата