Утрински Весник
Македонија

Петровска на предновогодишна средба со семејствата на Армијата кои се во мировни мисии во странство

Петровска на предновогодишна средба со семејствата на Армијата кои се во мировни мисии во странство

Денеска во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа традиционалната предновогодишна средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски со семејствата и припадниците на Армијата и министерството кои се во мировни мисии.

dobivaj vesti na viber

Министерката Петровска честитајќи им ги претстојните празници на членовите на припадниците и нивните семејства им оддаде признание за придонесот и посветеноста во мировните мисии.

Министерката изрази благодарност за ангажманот и професионалноста на припадниците, но и за поддршката која ја добиваат од нивните семејства.

„Cакам да ви порачам две работи – прво ми е многу мило што сте тука и што ќе се видите со вашите родители, а второ и најважно – колку што сме ние горди на нив, толку да бидете горди и вие. Без разлика што сега за овие празници нема да бидете заедно физички, но секако тие многу скоро ќе бидат со вас, ги чекаме да се вратат живи и здрави,”–рече министерката.

Преку линковско вклучување, нашите претставници од мировните мисии во “КФОР” – Косово, “УНИФИЛ” во Либан, “Алтеа” во БиХ, Мисијата на ЕУ „ЕУТМ“ во Централно Африканската Република, „НМИ“ во Ирак, „Зајакнато истурено присуство“ (eFP) во Латвија и мисијата „Активности на зголемена будност“ (eVA) во Романија и Бугарија искажаа висока мотивираност и подготвеност за професионално извршување на доделените задачи.

Тие им ги честитаа новогодишните и божиќните празници на своите семејства, но и на сите припадници на Армијата и министерството посакувајќи им здравје, среќа и успех, а на колегите кои се упатени во мировните мисии успешна реализација и безбедно да се вратат дома.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа