Утрински Весник
Македонија

НИКОБ со награди за вработените со 10, 15 и 20 годишен стаж

НИКОБ со награди за вработените со 10, 15 и 20 годишен стаж

Наградите ги додели сопственикот на НИКОБ Групацијата, Кирил Лазаров.

dobivaj vesti na viber

НИКОБ им се заблагодари на најпосветените и најлојалните, оние кои ја градеа компанијата сите овие години и се пример за секој вработен.

Со награди и признанија се стекнаа вкупно 200 вработени во компанијата НИКОБ, поделени во три групи, во првата група беа вработените со над 10 години стаж, во втората група беа вработените со над 15 години стаж и третата група беа вработените кои се над 20 години стаж. Сите добија соодветни парични награди и плакети и признанија, а вработени кои се повеќе од 20 години добија часовници.

Сопственикот Кирил Лазаров им се заблагодари во обраќањето и објасни што денес претставува НИКОБ.

Зад НИКОБ има многу историја, бројки и статистики. За Никоб има многу восхит, и емпатија во областа што ја работи. Никоб е компанија чиј што бренд го создадоа и го почитуваат клиентите. Никоб денес е компанија која почна да промовира вредности и интереси бидејќи во својот темел има вградено една постојана парадигма, а тоа е човекот, индивидуата или луѓето. Една хумана димензија за хумана професија. Првиот темел на НИКОБ се ЛУЃЕТО ПРЕД СЕ.

Никоб создаде заедница бидејќи постои заради заедниците. Дејноста на Никоб е заштита на заедницата во која сите ние живееме.

Денес НИКОБ е една од најдобрите општествено одговорни компании во Македонија која инвестира во вредности, хуманизам, спорт и промовирање на здрава животна средина.

Никоб сите овие години го постигна она што можеби е најтешко денеска да се стекне. Тоа е ДОВЕРБАТА. Довербата на клиентите, доверба на семејствата и домовите.

Довербата е вториот темел на кој се потпира НИКОБ и таа се однесува на секого независно на кое ниво луѓето имаат потреба од НИКОБ.

Денес НИКОБ е супермодерна компанија која во својата стратегија имплементира софистицирани системи кои ја подобруваат интеракцијата помеѓу вработените и клиентите. Оваа година НИКОБ инвестираше во еден од најдобрите софтвери на денешницата ДИНАМИКС. А, компанијата продолжува да инвестира во нови материјално-технички средства.

Но, најголемата инвестиција на НИКОБ се човечките ресурси.

Но, најголемата доверба на која клентите ја стекнуваат во Никоб се заради луѓето, професионалците, оние кои деноноќно се во објектите, во возилата, патролите, транспортните единици, физичкото обезбедување, вработените во сервис и имплементација и администрацијата.

Денес меѓу нас присутните се легендите, ветераните и оние кои растеа заедно со Никоб. Оние што го градеа и го градат НИКОБ. Денес оваа новогодишна забава е многу побогата заради вработените кои се повеќе од 10, 15 години и 20 години во НИКОБ.

Вие сте мотивот да продолжиме да го развиваме НИКОБ. Денес НИКОБ е компанија број 1 во Македонија во сегментот обезбедување и според сите параметри трета компанија на Балканот во областа на обезбедувањето на имот и лица соопшти сопственикот Кирил Лазаров.

(ПР)

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: „Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз“

Четири пожари се уште се активни: Ветрот ги шири огновите, но 15 се целосно изгаснати

Кажала дека е бремена и следниот ден добила отказ, па завршила на психијатар: Жената во Македонија постојано дискриминирана