Утрински Весник
Спорт

Евролигата подготвува промени – 24 екипи во две конференции

Евролигата подготвува промени – 24 екипи во две конференции

Маршал Гликман, извршен директор на Евролигата, во подкастот „Кросовер“, чиј автор е поранешниот американски кошаркар со литванско потекло, Џо Арлаукас, кој играше за Сакраменто Кингс, Реал Мадрид, Басконија, зборуваше за новите планови на Евролигата.

dobivaj vesti na viber

Во моментов во Евролигата има 18 екипи, од кои 12 се постојани учесници, а треба да се има предвид дека е вклучена и ЦСКА Москва, екипа која е суспендирана поради војната во Украина.

Главната идеја е да се прошири конкуренцијата на 24 екипи, да се вклучи тим од Дубаи и да се поделат на Источна и Западна конференција.

Во тој систем Србија би добила два клуба, во случај на завршување на војната би се вратиле руските клубови, а едно место би било резервирано за победникот на Еврокупот, како што е сега. Бројот на одиграни натпревари ќе остане на 34.

Шпанија и Франција би добиле уште едно место, а бидејќи Евролигата сака да влезе и на англискиот пазар, место во новиот систем би имало и за екипа од Лондон.

Гликман и Арлаукас зборуваа за системот „salary cap“ кој ќе стигне до европската кошарка по моделот на НБА лигата, а секако ќе има и синдикат на играчи и некои други корисни работи.

Конференциите би изгледале вака:

Исток: Партизан, Црвена звезда, Фенербахче, Анадолу Ефес, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби, Дубаи, Жалгирис, ЦСКА, Зенит, Турк Телеком.

Запад: Барселона, Реал Мадрид, Басконија, Асвел, Баерн, Олимпија Милано, Алба, Париз, Лондон Лајонс, Виртус Болоња, Монако, Хувентуд.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ