Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Трет месец Македонија е мета на дојави за бомби, а Спасовски убедува дека се е под “контрола“

(Видео) Спасовски: Досега запленети 100.000 парчиња пиротехнички средства, апелирам на прослави без оружје и пиротехника

Трет месец по ред Македонија е мета на лажни дојави за бомби, граѓаните се преплашени, учениците губат настава, а Ковачевски, Пендаровски и Спасовски убедуваат дека безбедноста на граѓаните е на високо ниво, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека секој ден има нови пријави за бомби а Спасовски и МВР не можат да откријат кој стои зад овие дојави.

„ Само што не им влегле во трагата, но решенија до ден денешен нема. Граѓаните живеат во страв и паника. Спасовски е целосно изгубен и неспособен да се справи со целата ситуација. Спасовски на 16 ноември изјави дека во истрагата се вклучени НАТО, Европол и Интерпол, за на крај да излезе дека Македонија дури после еден месец односно 16 декември ги информира НАТО структурите за секојдневните дојави за поставени бомби низ основните и средни училишта, Народната банка, Трговски центри, станбени згради, скопскиот аеродром, хотели и спортски центри, па дури и полициски станици.

Несериозни се изјавите на Спасовски дека ова не се случува само во Македонија, туку и во другите земји од регионот и дека овој хибриден напад е само да предизвикување на страв и паника и да ја подрива политичката власт во државата.

Спасовски и МВР не се грижат за безбедноста на граѓаните, а најдобар пример за тоа е што МВР се претвори во партиска полиција. Ноќ пред почетокот на партискиот митинг на СДС, полицијата наместо на скопските улици, се наоѓаше пред салата Борис Трајковски. Повеќе од јасно е дека на Спасовски и Ковачевски им е изгубен компасот и не знаат каде тераат“ се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Спасовски да не го окупира МВР, и веднаш да си поднесе оставка.

„ Македонија и граѓаните немаат веќе ниту ден повеќе за губење со оваа неспособна влада. Ако Спасовски не сака да си поднесе оставка, Ковачевски веднаш да го разреши. Не дозволиво е интересот на еден човек да биде пред интересот и безбедноста на државата. Граѓаните се преплашени, и се чувствуваат небезбедни и несигурни во сопствената држава. Институциите во државата под раководство на СДС се целосно нефункционални“ порачаа од опозициската партија.

Со почит,

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова