Утрински Весник
Македонија

СОС Детско село кампања : Сети се кога беше дете!

СОС Детско село кампања : Сети се кога беше дете!

СОС Детско село Ви ја претставува најновата кампања која е наменета за секое лице кој сака да се вклучи во иницијативата за споделување на пријатни спомени од своето деттство со цел подигнување на свесност за значењето на креирање на радосни спомени во раното детство кај секое лице.

dobivaj vesti na viber

СРЕЌНИ СЕЌАВАЊА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

#СетиСЕ

Сети се кога беше дете!

Сети се на убавите моменти од твоето детство

Тешко е да се каже од каде е точно идејата и кој прв ја започнал, но со сигурност можеме да кажеме дека “предизвикот“ на социјалните медиуми привлекува внимание.

СОС Детско село реши да го искористи овој тренд на социјалните медиуми, да го иницира предизвикот #СетиСЕ и на еден интересен и забавен начин да покаже колку е важно секое дете да има убави сеќавања од своето детство.

„Искрено, колку време не си ги отворил старите албуми и кутии со слики? Аха, вистински слики, не слики во телефон. Епа, сега е вистински момент за тоа!“

„Отвори ги старите албуми и најди некоја слика која ќе ти предизвика убаво сеќавање од детството и најголема насмевка. Ќе има многу радости, смеење и емоции, ветуваме! Приклучи се на нашата кампања #СетиСЕ, номинирај твои пријатели и ајде заедно да создадеме убави спомени за секое дете!“

Во овој предизвик се вклучија бројни славни личности, меѓу кои и Каролина Гочева, Калиопи, Васил Зафирчев, Александар Тарабунов, Тамара, Јелена Јованова Периќ, Дарја Ризова, Катарина Ивановска, Лидија Кочовска, Амернис Нокшичи, Марјана Станојковска, Александар Михајловски, Ана Зафирова, Весна Петрушевска и уште многу други. Голема благодарност до сите кои се вклучија во кампањата #СетиСЕ. https://www.instagram.com/sosdetskoselo/

Ве предизвикуваме и Вас да се приклучите на кампањата #СетиСЕ! Сите информации и начинот како да го сторите тоа, на линкот кампања #СетиСЕ

СОС Детско село е хуманитарна организација која веќе 20 години работи во остварување на мисијата НИТУ ЕДНО ДЕТЕ НЕ ТРЕБА ДА РАСТЕ САМО.

Како организација која се грижи за добросостојбата на сите деца, млади и семејства на кои им е потребна поддршка, за овие 20 години обезбеден е топол дом и грижливо семејство за повеќе од 376 деца и млади без родителска грижа, додека на повеќе од 1200 деца е помогнато да не бидат разделени од своите биолошки семејства.

ПР

Можете да прочитате

Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Рекорден број на итни повици на 112, примени 4199 повици за еден ден