Утрински Весник
Магазин

Бред Пит официјално во врска со Инес Де Рамон

Бред Пит официјално во врска со Инес Де Рамон

Бред Пит официјално е во врска со Инес Де Рамон шест години откако се раздели со поранешната сопруга Анџелина Џоли, објавија американски таблоиди, цитирајќи анонимен извор.

dobivaj vesti na viber

Инсајдерот потврди за „Ју-ес викли“ дека холивудскиот миленик и поранешната сопруга на актерот Пол Весли се во рана фаза на романса.

„Бред и Инес официјално се пар“, рече инсајдерот, и додаде: тие уживаат во меѓусебното друштво и одлично се забавуваат во раните фази на врската.

Но, тие сè уште се запознаваат“, додаде изворот.

Пит и Рамон првпат ги поттикнаа шпекулациите откако беа забележани заедно на настан во Лос Анџелес минатиот месец. Минатиот викенд беа фотографирани прегрнати на роденденската забава на Пит.

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес