Утрински Весник
Македонија

Ескобар: Националистичките партии се најкорумпирани – Македонија е пример како се справи со поднесувањето на ЕУ кандидатурата

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска
Img 5587

Во контекст на најновите предизвици за Западен Балкан и што носи идната година, зборуваше Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар, во интервју за Атлантски совет, објавено на почетокот на декември. Во интервјуто стана збор и за неговите размислувања како трансатлантските партнери можат да му помогнат на регионот да се врати на вистинскиот пат. Ескобар, меѓу другото, ја посочи Северна Македонија за пример како се справи со поднесувањето на својата ЕУ кандидатура.

„Би сакал да го видам процесот да се движи побрзо Европа кон Западен Балкан, поголемо учество во европската инфраструктура, можеби како набљудувачи, како кандидати, но дефинитивно ни треба повеќе Европа во регионот, и секако, ни треба повеќе Америка во регионот“ – изјави Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар.
На прашањето колку е оптимист за Северна Македонија Екобар одговори дека е оптимист во голема мера, особено имајќи предвид како Северна Македонија се справуваше со својата (ЕУ) кандидатура и дека тоа беше пример за регионот.

Img 5587

„Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мулти етнички релации и мултиетничко управување, Северна Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања“ – рече Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар
Според него, Северна Македонија ги направи сите потребни реформи „за да ја отвори првата врата“.

„Длабоко верувам дека оваа Влада има волја и дека луѓето во Северна Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ. Во релацијата помеѓу Северна Македонија и НАТО, тие се заначаен сојузник, а тоа Европа и го очекува од нив, да бидат добар пратнер, кој исто така ќе придонесе за ЕУ“ – уверен е Ескобар.
Тој ги посочи токму националистичките партии се и најкорумпирани, а дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот.

„Знаете дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот, национализмот и етничкото ривалство е навистина само маска за тоа. Јасно е дека партиите кои се најнационалистички во регионот се и најкорумпирани. Тоа е факт. Тоа не го кажува само американската влада , туку и независни организации, како Транспаренси Интернешнл и некои организации од европскиот граѓански сектор, како и домашни организации на граѓанското општество“ – истакна Ескобар.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години