Утрински Весник
Македонија

123 санкционирани возачи во Скопје

120 казни за брзо возење на подрачјето на СВР Тетово

123 возачи во Скопје се санкционирани во текот на вчерашниот ден.

dobivaj vesti na viber

Според информацијата на МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот