Утрински Весник
Свет

Пелоси за Зеленски: Неуморен патриот кој го води светот во борбата за слобода

Пелоси за Зеленски: Неуморен патриот кој го води светот во борбата за слобода

Лидерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, објави писмена изјава во која ги охрабрува парламентарците да бидат физички присутни вечерва на седница „специјално посветена на демократијата“, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во моментов патува за САД, ќе им се обрати на парламентарците.

dobivaj vesti na viber

„Украинските борци за слобода, соочени со ужасните злосторства на Владимир Путин, го инспирираа светот со својата железна волја и нескротливиот дух. Тие се борат против бруталната и неоправдана инвазија на Русија“, рече Пелоси.

„Претседателот Зеленски е храбар и неуморен патриот, кој го водеше не само својот народ, туку и светот во борбата за слобода. Со нетрпение очекуваме да ја слушнеме неговата инспиративна порака за единство, издржливост и решителност“, се вели во изјавата на Ненси Пелоси.

Можете да прочитате

Се шири снимка стара 10 години: Што му кажа Хилари Клинтон на Трамп за Путин

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда