Утрински Весник
Македонија

Буџетот на Министерството за одбрана ќе изнесува 274,6 милиони евра, објави Петровска

Буџетот на Министерството за одбрана ќе изнесува 274,6 милиони евра, објави Петровска

За 2023 година буџетот на Министерството за одбрана ќе изнесува 274,6 милиони евра, а една третина од средствата ќе се наменат за купување на воена опрема.

dobivaj vesti na viber

Министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека со овие пари ќе имаме силна и модернизирана армија на која ќе можат да се потпрат сите граѓани, а колку било важно да се вложува во одбрана покажала војната во Украина која се води со конвенционално оружје.

За опрема и модернизација ќе се издвојат 33% од буџетот на МО или 88.797.000 евбра за набавка на опрема со главен акцент на Лесната пешадиска баталјонска група која е дел од НАТО капацитетите.

Ќе се набават: лесни оклопни возила „ЈЛТВ“ и „Страјкер“, лесни оклопни борбени возила за специјални сили, специјални возила за посебни намени, генерален ремонт на хеликоптери, ПВО систем за многу мали височини, преносливи системи за противоклопна борба „Манпат“, опрема за извидување, набавка на информатична опрема и сајбер одбрана.

„Армијата е мотивирана, добро платена и модерна која не заостанува зад сојузничките армии. Успеавме да создадеме услови за покачување на платите, направивме достапни отпремнини од 20.000 евра за војници над 45 години, ја направивме достапна станарината од 9.500 денари како дополнување на месечниот приход на секој војник од моментот на склучување на договорот за работа. Професионален војник кој во 2010 година земал 21.000 плата денес има 38.512 денари месечен пригход, подофицер од 22.800 се качува на 44.395 денари, а офицерот од 31.000 на 55.649 денари. Припадниците со овие чинови доколку се во НАТО единици, ќе имаат повисоки плати“, рече Петровска.

Со измените на Законот за служба во Армијата, за професионалните војници со наполнети 45 години старост следува отпремнина во износ од две просечни плати, не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата односно од 20.000 до 25.000 евра.

Во 2023 година е планирано зголемено учество на припадници на Армијата со вкупно 226 лица. Вкупните средства за учество во меѓународните мисии и операции изнесуваат 10.548.000 евра, 1,79 милиони евра одат за плати и надоместоци, а 8,76 за логистички трошоци.

Орце Костов

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk