Утрински Весник
Свет

Медведев: Британија да ѝ ги врати Фокландските Острови на Аргентина

Медведев: Британија да ѝ ги врати Фокландските Острови на Аргентина

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев одговори на говорот на британскиот премиер Риши Сунак. На самитот на Здружените сили за брза акција (ЏЕФ) вчера во Рига, Сунак рече дека секој руски повик за прекин на огнот би бил „целосно бесмислен во сегашниот контекст“.

dobivaj vesti na viber

„Русија би го искористила ова за да се прегрупира, да ги зајакне своите сили. Не може да има вистински мировни преговори додека руските сили не се повлечат од окупираните територии на Украина. Нашата колективна решителност е несомнена. Ние ја поддржуваме Украина и ќе продолжиме да го правиме тоа. Тоа е прво и пред се, затоа што безбедноста на Украина е наша безбедност“, рече Сунак.

„Дволичност и безобразен цинизам“

Медведев му одговори на британскиот премиер преку неговиот канал Телеграм. „Сите британски политичари се ретки лицемери. Младиот премиер, чие презиме засега е некарактеристично за Велика Британија, рече дека нема преговори додека Русија не ги повлече своите војници од Украина“, напиша Медведев.

„За Британците е подобро конечно да ги напуштат Малвинските острови и да им ги вратат на Аргентинците“, додаде тој.

“Фокландите се Аргентина, а не Британија! И честитки за аргентинскиот тим за заслужената фудбалска победа. Продолжете со добрата работа во надворешната политика!” заклучи поранешниот руски претседател.

Можете да прочитате

Трамп за евентуален состанок Украина-Русија: „Од тоа можат да произлезат добри работи

Папата Лав XIV бара да се ослободат новинарите кои моментно се во затворите низ светот

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти