Утрински Весник
Магазин

Ричард Гир ги налути соседите поради мобилниот предавател

Ричард Гир ги налути соседите поради мобилниот предавател
Dik 300x250 mk

Ричард Гир ги разбесни богатите жители на северната држава Њујорк, откако даде согласност за поставување предавател на мобилна телефонија во неговата луксузна гостилница.

dobivaj vesti na viber

73-годишниот актер е косопственик на Bedford Post Inn во Бедфорд, луксузна гостилница со осум соби што беше отворена во 2019 година.

Гир понуди парцела земја на својот имот од 14 ари за поставување кула-предавател од 130 метри, но богатите жители во близина – како што се родителите на Кејт Мара и Руни Мара и сестрата на Џери Сајнфелд – се бесни поради овој потег, дознава „Пејџ сикс“.

„Веризон“ поднесе тужба против градот Бедфорд во јули 2021 година, откако сруши две предложени локации за мобилната кула, со што ќе се пополнеа празнините во покриеноста на услугите на мобилната телефонија и на итните служби, како што е пропишано со Федералниот закон за телекомуникации.

Сега тужбата е ставена во мирување, бидејќи се разгледува предлогот на Гир кулата да се постави на земјата на која се наоѓа неговиот конак.

Можете да прочитате

„Ватсап“ со нова апликација за „Епл вач“

Најмалите деца најмногу шират вируси

Слатко од тиква – 24info.mk