Утрински Весник
Магазин

Џони Деп и Амбер Херд постигнаа спогодба за случајот со клевета

Џони Деп и Амбер Херд постигнаа спогодба за случајот со клевета

Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд, конечно, ги решија своите тужби и противтужби за клевета ставајќи крај на најогорчениот холивудски развод во поново време.

dobivaj vesti na viber

Херд во објава на „Инстаграм“ во понеделникот соопшти дека ќе ја реши тужбата за клевета што против неа ја поведе поранешниот сопруг Џони Деп.

Одлуката да се спогоди со Деп ја опиша како многу тешка додавајќи дека ваквиот потег следувал по многу размислување.

Актерката од „Аквамен“ (36) во објавата на својата страница на „Инстаграм“ напиша: „За мене, важно е да кажам дека никогаш не го избрав ова. Ја бранев својата вистина и со тоа ми беше уништен животот. Омаловажувањето и навредите со кои се соочив на социјалните мрежи се засилена верзија на начинот на кој жените повторно и повторно се виктимизирани кога ќе истапат во јавност“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста