Утрински Весник
Македонија

165 санкционирани возачи во Скопје, 18 за брзо возење

39 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Евакуиран тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Мицкоски и Рама на промоција на „One Stop Shop“ на Ќафасан

Променливо облачно време со сончеви периоди, од понеделник заладување