Утрински Весник
Спорт

Серија А воведува полуавтоматски офсајд за вториот дел од сезоната

Серија А воведува полуавтоматски офсајд за вториот дел од сезоната
Dik 300x250 mk

Серија А е првата елитна лига која ќе воведе полуавтоматската офсајд технологија од крајот на јануари 2023 година, соопшти Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

dobivaj vesti na viber

По консултација со Здружението на судии (АИА), беше одлучено дека оваа технологија, користена за време на Светското првенство во Катар, ќе се користи од првото коло од продолжението на сезоната закажана за 27-30 јануари, истакна ФИГЦ во соопштение за медиумите.

По неколку тестови минатата година, „полуавтоматизирана офсајд технологија“ (SAOT) беше воведена од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за време на Светското првенство во Катар.

Оваа технологија има за цел да ги забрза и донесе одлуките посигурно со тоа што овозможува одредување на позицијата на играчот и топката во секое време. Овој систем ќе биде додаден и на употребата на ВАР.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони