Утрински Весник
Македонија

Македонски државјанин бил пронајден починат во Бугарија, потврди МНР

Од МНР со осуда за искршената табла на бугарскиот клуб во Охрид

Македонското Министерство за надворешни работи известува дека добиле информација дека наш државјанин со иницијали С.С. бил пронајден починат во Република Бугарија.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, веднаш штом доби информација за починат наш државјанин, С. С. во Република Бугарија, преку Амбасадата на Северна Македонија во Софија, стапи во контакт со надлежните органи, од каде доби првични информации за случајот“, се истакнува во соопштението.

Како што информираат, преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава, и истите се соодветно информирани за случајот.

Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија, потенцираат од таму, стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.

„За деталите на случајот јавноста ќе биде благовремено известена“, се подвлекува во соопштението.

Можете да прочитате

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

Османи: Ако усвоиме резолуција за црвените линии Бугарија може да ја врати декларацијата во парламентот

Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?