Утрински Весник
Спорт

„Лекип“: Третиот гол на Аргентина требаше да биде поништен

„Лекип“: Третиот гол на Аргентина требаше да биде поништен

Фудбалскиот свет сè уште е под импресии од финалниот меч на Светското првенство во Катар. Аргентина ја освои титулата откога ги доби трилерот и пенал-рулетот против Франција.

dobivaj vesti na viber

По 90 минути на стадионот „Лусаил“, беше 2:2, по 120 минути – 3:3, пеналите Аргентина ги доби со 4:2. Мартинез го одбрани ударот на Коман, а Чуманеи не успеа да го погоди голот. На крајот, четвртиот пенал за Аргентина го реализира Монтиел.

„Лекип“ објави дека третиот гол на Аргентина не е регуларен. Ова тврдење го поткрепи со снимка, на која јасно се гледа дека пред топката по ударот на Меси да ја мине гол-линијата, двајца резервни играчи на Аргентина се внатре во теренот.

Целата акција ја следеа во еуфорија и втрчаа во поле пред топката да ја помине линијата. Правилата на фудбалската игра се јасни, секој тим на теренот треба да има 11 фудбалери, што значи дека во теорија судијата Шимон Марчинијак требаше да ја прекине играта, односно да го поништи голот.

Но, тоа веројатно би било премногу сурова одлука во овој случај.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина