Утрински Весник
Свет

Курти: Ова е почеток на последната фаза на илегалните структури на Србија во Косово

Курти: Ова е почеток на последната фаза на илегалните структури на Србија во Косово

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека министерот за внатрешни работи е во постојан контакт со командантот на КФОР и дека за таа мисија, според Курти, било потребно повеќе време од косовските институции за отстранување на барикадите.

dobivaj vesti na viber

„Тој не останува во Приштина, постојано е во Митровица, тој е во постојан контакт со командата на КФОР во врска со отстранувањето на барикадите. КФОР ни побара уште малку време. Во постојана комуникација сме со КФОР, такви барикади нема долго да се толерираат“, изјави Курти за приштинските медиуми.

Тој додаде дека ова е „почеток на последната фаза на нелегалните структури на Србија на северот во Косово“.

Во врска со барањето на Србија до КФОР за враќање илјада припадници на српската војска и на полицијата на Косово, Курти рече дека НАТО ќе биде против тоа.

„Никогаш немало потреба од српски војници во Косово, никогаш немало потреба од српски војници ниту во 20 ниту во 19 век. Со овие барања тие покажуваат дека останале во деветнаесеттиот и дваесеттиот век. Секако, НАТО ќе биде против тоа, а тие исто така многу добро разбираат дека тие кутри српски војници, кои тврдат дека ги носат во нашата земја, немаат каде да дојдат во Косово. Така, тоа е повеќе израз на нивната немоќ отколку на нивната моќ“, рече Курти, пренесе „Косово онлајн“.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата