Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Инклузивните градинки се нашата цел, јавните детски установи се место за сите деца

Тренчевска: Инклузивните градинки се нашата цел, јавните детски установи се место за сите деца

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посети објектот „Пчелка“ на јавната детска установа „Ангел Шајче“ во Куманово и донира инклузивни сликовници со Брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од страна на Здружението на граѓаните „Свет на различни, а еднакви“.

dobivaj vesti na viber

Министерката на својата посета ја истакна важноста на инклузивните материјали во предучилишното згрижување на децата. Таа истакна дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика за овозможување пристап за секое дете во градинките се големи. Инклузивната средина, можноста секое дете да има пристап до едукативни материјали, ги поддржува развојот на детето и неговата полесна интеграција во социјалната средина.

Тренчевска посочи дека секоја градинка е место за секое дете и дека тоа ќе продолжи да биде позитивната пракса и во новите градинки што се во план да се изградат во 2023 година.

Посетата на министерката беше и во предновогодишен дух. Беше одиграна предновогодишна претстава од страна на Снежана Конеска-Руси, која преку уметност им ги долови придобивките на инклузивните сликовници на децата и ја објасни нивната намена.

Можете да прочитате

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток

Врховниот суд ја потврди казната за Јованов од 13 години во случајот „Кулакова“

Макрадули загрижен за СДСМ, молкот не е решение