Го препорачуваат за отоци предизвикани од операции, скршеници, вадење на заби но и горно респираторни инфекции, ринити, синузити, и ако се земе предвид дека зад себе има повеќе од 50 години позитивно корисничко искуство, воопшто не изненадува широката поддршка за препаратот Chymoral (Химорал). Во фармацевтската компанија Галеника велат дека кога зборуваат за оригинали, зборуваат токму за Chymoral, чиј квалитет и докажана ефикасност се дел од приказната која почнала уште во 1968 година, кога прв пат е пуштен во употреба.
Синузитис всушност претставува воспаление на слузницата на синусите. Овие инфекции се јавуваат најчесто заедно со инфекции на носните простори односно ринити и затоа често се користи терминот риносинузити. Најчести причинители на синузити се: бактерии, вируси, риновируси, респираторни вируси и габични инфекции најчесто кај дијабетичари и луѓе со намален имунитет. Респираторните инфекции и настинки се една од најчестите причина за која пациентите се обраќаат на лекар оваа сезона. При овие состојби организмот се соочува со настанат оток на носната слузница што ги блокира природните отвори на синусите во носни простори. Тоа доведува до намалување на притисокот во синусите, се јавува болка и создавање на течност. Ваквата состојба е поволна за развој на бактерии, а Chymoral помага да се превенира и спречи развојот на оваа фаза.
Chymoral® гастрорезистентни таблети се познати како ефективен третман при отоци и крвни подливи предизвикани од ортопедски повреди, повреди на меки ткива после било какви хируршки операции, вадење на заби или останати отоци на мускулите околу устата, вилицата или јазикот. Освен при третман на отоци Химоралот има научно докажано дејство при подобрување на нарушен проток на крв и лимфни течности. Широкиот спектар на употреба се должи на неговото антиинфламаторно, антиоксидативно, антиинфективно и муколитичко дејство што го прави и исклучително важен при третман на инфекции на респираторен систем, воспалителни процеси на дишни патишта, густ бронхијален секрет, отежнато искашлување.
Chymoral освен со своето антиинфективно дејство дирекно ги намалува отокот и густината на секретот со што значително ги олеснува симптомите и справувањето со самата настинка или инфекција, и го олеснува искашлувањето. Со тоа значително го намалува времетраењето на болеста.
Препаратот не се издава на рецепт и е достапен во аптеките, каде совет за користење може да побарате од фармацевтот или да се посоветувате со матичниот доктор. Искуствено Chymoral се препорачува и со антибиотска терапија.
Производителот на Chymoral, фармацевтската компанија Галеника на македонскиот пазар има традиција од 77 години успешно работење и грижа за здравјето. Препознатлива по квалитетот на своите производи ужива доверба кај повеќе генерации корисници, трудејќи се да одговори на нивните потреби со нови производи, кои вклучуваат лекови на рецепт, OTЦ производи (лекови без рецепт), козметички производи и додатоци во исхраната, вклучувајќи производи за зајакнување на имунитетот.
Галеника денес е препознатлива како регионален лидер со амбиции да се расте на интернационалните пазари како лидер во фармацевтската индустрија. Насочена да одговори на современите потреби на пазарот и потребите на пациентите и потрошувачите, компанијата
инвестира во збогатување на производното портфолио со производи од новата генерација лекови.
Во Галеника остануваат посветени на луѓето и верни на здравјето.
ПР