Бродот на тајландската морнарица „Сукотај“ потона за време на невреме додека патролираше во Тајландскиот залив, а 31 морнар се водат за исчезнати, соопшти тајландската морнарица.
Спасени се 75 морнари, а по останатите се трага.
Во соопштението се наведува дека додека патролирал во заливот, на околу 37 километри од брегот на провинцијата Прачуп Кири Кан, бродот наишол на високи бранови, земајќи прекумерно количество вода, што резултирало со губење на моќноста и дефект на моторот.
Во соопштението за медиумите се посочува дека поради губењето на контролата, постојаните удари на бранови и ветер предизвикале бродот да се наведне и да потоне.
Тајландската морнарица започна операција за пребарување и спасување веднаш по извештаите за проблеми на бродот.
Беа испратени три воени бродови, неколку цивилни бродови и авиони. Според морнарицата, сите 106 морнари носеле елеци за спасување.
Спасувачите пронајдоа 75 членови на екипажот, а потрагата по преостанатите морнари продолжува,пренесе Блиц.рс.