Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел гостува во поткаст за криминал како дел од специјална божиќна програма.
Во поткастот „Зборуваме ли за убиство?! на германската државна телевизија SWR, таа не зборува за вистински злочини, туку за криминални случаи во операта на Рихард Вагнер „Прстенот на Нибелунг“.
Во специјалниот божиќен поткаст се појавува и поранешниот федерален судија Томас Фишер покрај водителот Холгер Шмит.
„Среќна сум што тука правиме нешто сосема поинакво“, рече Меркел на прашањето зошто одлучила да учествува во тој формат.
„Сакам да се обидам да одам во сосема поинаква насока, сега тоа е дел од мојата новооткриена слобода.“
Меркел е голем обожавател на Вагнер и редовно присуствува на фестивалот во Бајројт. Отворањето на фестивалот отсекогаш беше една од ретките пригоди во годината на која се појавуваше на црвениот тепих со својот сопруг Јоаким Зауер, со кој ја дели страста за Вагнер.