Австралиските здравствени власти соопштија дека девет лица во Сиднеј имале „токсични реакции“, вклучително и халуцинации, од спанаќ кој бил испрскан со „случаен загадувач“.
Властите во Нов Јужен Велс соопштија дека четири семејства биле лекувани во здравствените установи откако јаделе спанаќ и дека им е потребна медицинска помош поради „токсични реакции“. Инаку, овие семејства купувале спанаќ во ланецот мегамаркети „Костко“.
Здравствените власти истакнаа дека реакцијата кај хоспитализираните лица настанала поради присуство на „случајна загадувачка супстанца во прехранбениот производ“, која може да предизвика халуцинации, делириум, збунетост, забрзан пулс.
Надлежните посочија дека бебешкиот спанаќ купен во продавниците на споменатиот синџир маркети „не е безбеден за човечка исхрана“.
„Пациентите кои беа примени во болница имаа тешки халуцинации и не можеа да кажат што точно им се случува. За среќа немаше жртви, но отруените пациенти може да имаат последици“, изјави д-р Дарен Робертс, од информативниот центар за отрови во Нов Јужен Велс.