Утрински Весник
Свет

Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна во Авганистан

Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна во Авганистан

Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во тунелот Саланг во северен Авганистан, изјави официјален претставник за ДПА. Повредени се 32 лица, а се стравува дека бројот на жртвите е поголем, додаде тој.

dobivaj vesti na viber

„Телата на жртвите што ги видовме беа целосно изгорени, не беше јасно дали се деца, мажи или жени. Извадивме околу 12 тела“, изјави очевидец за ТВ TOLOnews.

Портпаролот на Министерството за јавни работи, Хамидулах Мусбах изјави дека инцидентот се случил синоќа поради „технички проблеми“ и пожарот предизвикан од експлозијата потоа се проширил на возилата во близина.

Според властите, пожарот е ставен под контрола, но тунелот што го поврзува северот на земјата со главниот град Кабул и понатаму е затворен за сообраќај.

 

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната