Утрински Весник
Спорт

Јунајтед со амбициозен план од 200 милиони фунти за Де Јонг и Белингем!

Јунајтед со амбициозен план од 200 милиони фунти за Де Јонг и Белингем!

Според британскиот таблоид „Сан“, Манчестер јунајтед планираат гигантска понуда од над 200 милиони фунти за да ги осигураат потписите на Џуд Белингем и Френки де Јонг следното лето, во следниот чекор на планот на Ерик Тен Хаг за враќање на „ѓаволите“ на врвот на англискиот фудбал.

dobivaj vesti na viber

Претходно, „Манчестер ивнинг њуз“ потврди дека Јунајтед уште не се откажале од планот да го добијат Де Јонг од Барселона, иако во текот на минатото лето неуспешно дадоа понуди за Холанѓанецот, кој беше упорен да остане на „Ноу Камп“. Понудата од 85 милиони евра за Де Јонг беше прифатена од Барса, но одбивањето на де Јонг да се пресели во Англија, како и платите кои му ги должат од каталонскиот клуб се покажаа како преголема пречка.

Белингем, пак, е долгорочна цел на Јунајтед, кои неуспешно се обидоа да го убедат да потпише за нив во 2020 по неговата одлична сезона со англискиот второлигаш Бирмингем, кога тој реши да замине во Бундеслигата. За Белингем има повеќе заинтересирани клубови, вклучувајќи ги Ливерпул и Манчестер сити, како и Реал Мадрид. Според изворите на „Сан“, во Јунајтед не се загрижени за конкуренцијата за 19-годишниот Белингем и се сигурни дека можат да му понудат договор и главна улога во „препородувањето“ на клубот.

Можете да прочитате

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност

Медиуми: Нејмар сонува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид