Утрински Весник
Македонија

Го нападнале и му го одзеле возилото, приведени две лица во гостиварско

Автомобил удри во пешак на крстосница во Прилеп

Вчера во 17.00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Б.Р.(29) и Џ.А.(55), двајцата од с.Добридол.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека околу 02.30 часот во угостителски објект во с.Добридол физички и со тврд предмет го нападнале А.А.(24) од с.Пирок, општина Боговиње, по што го одзеле возилото „рено твинго“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, кое тој го управувал.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Приведен неготинец, со 2,99 промили алкохол во крвта се заканувал на неговиот татко

Адвокатката на Деко вели системот е виновен, не Дејан

Деко не знаел за пиротехниката – Секогаш ангажирал пиротехничар, овој пат бил изненаден!