Утрински Весник
Македонија

Грковска – Холштајн: Германија останува силен поддржувач на Македонија на патот кон европските цели

Грковска – Холштајн: Германија останува силен поддржувач на Македонија на патот кон европските цели

Заменичката на претседателот на Владата на Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, имаше проштална средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката Грковска ѝ се заблагодари на амбасадорката Холштајн за успешната соработка за време на нејзиниот мандат во Северна Македонија, како и за дадената поддршка на патот кон НАТО и Европската Унија.

Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка цел за Република Северна Македонија. Имајќи го ова предвид, клучниот приоритет е реализација на ефикасни реформи, кои ќе значат економска интеграција, консолидација на законодавството и институциите и владеење на правото. Северна Македонија останува на определбата да гради добрососедски односи и регионална соработка, беше посочено на средбата.

Грковска на амбасадорката Холштајн ѝ посака среќа во понатамошното работење во дипломатската кариера, уверена дека Германија ќе остане да биде силен поддржувач на нашата земја на патот кон Европската Унија.

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР