Утрински Весник
Македонија

Општина Битола: Се вршат проверки во училиштата во кои пристигнаа дојави за бомби

Општина Битола: Се вршат проверки во училиштата во кои пристигнаа дојави за бомби

Заменик-градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, ги посетија некои од училиштата во кои утрово имаше дојави за бомби. Во разговор со директорите се информираа за моментната состојба во училиштата, каде што полициските екипи веќе вршат проверки. Бојкоски и Димитровски се во постојана координација и со екипите од СВР Битола, информираат од Општина Битола.

dobivaj vesti na viber

„Сите ученици, наставниот кадар и другите вработени во седумте основни училишта, каде што утрово имаше дојава, безбедно се евакуирани, а настава во втора смена нема да има во основните училишта во кои беа дојавите, односно во: ‘Кирил и Методиј’, ‘Гоце Делчев’, ‘Ѓорги Сугарев’, ‘Климент Охридски’, ‘Елпида Караманди’, ‘Даме Груев’ (централното училиште и подрачните во Долно Оризари и Карамани и училиштето ‘Александар Турунџев’ во село Кукуречани. Општина Битола останува во постојана комуникација со полицијата, како и подготвеност за поддршка во дејствувањето, доколку тоа биде потребно“, се наведува во соопштението од Општината.

„Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, по извршената координација со полицијата и директорите, утрово испрати апел за смиреност до граѓаните и имајќи ја предвид вознемиреноста што ја предизвикуваат дојавите, замоли за почитување на пропишаните правила и прописи за постапување во овие случаи“, додаваат од таму.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско