Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката Арсовска да измислува лаги, а Ковачевски да ја брани, кажува што било договорено на нивните тајни средби

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

Тактиката Арсовска да измислува лаги, а Ковачевски да ја брани и да ги шири тие лаги, само кажува што било договорено на нивните тајни средби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Улогата на Арсовска е да дефокусира од скандалите на Владата, а за возврат власта да го прави она што најдобро го знае, да замижи пред сите криминали, тендери и пропаст на градот Скопје. Ако имало какви било закани до Арсовска, прашањето е зошто тие не се пријавени во МВР наместо да глуми во јавноста лажна жртва“, се истакнува во соопштението од оваа партија.

Самото количество лаги што Арсовска го изнесе во јавноста, според ВМРО-ДПМНЕ, говори за непресметливоста на нејзиниот карактер.

Затоа додаваат дека е потребно институциите да ја испитаат нејзината психофизичка состојба бидејќи сомнежот е дека Македонија има деловно неспособен градоначалник.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт