Утрински Весник
Магазин

Рајан Марфи ќе добие признание на „Златните глобуси“

Рајан Марфи ќе добие признание на „Златните глобуси“

Телевизискиот писател и продуцент Рајан Марфи, творец на многу хитови, од Glee до 9-1-1 и American Horror Story, ќе добие награда за животно дело на доделувањето на „Златните глобуси“ во Холивуд следниот месец.

dobivaj vesti na viber

Појавата на Марфи ќе додаде уште едно големо име на наградната церемонија закажана за 10 јануари, додека организаторите се обидуваат да закрепнат од скандалот за недостиг на диверзитет и етика.

Здружението на странските новинари акредитирани во Холивуд (HVPA), група што гласа за добитници на престижните телевизиски награди „Златни глобуси“, соопшти дека ќе го прослави придонесот на Марфи за телевизијата со наградата „Керол Барнет“, која се доделува четврти пат.

Претходно почестени со ова признание се Керол Барнет, Елен Деџенерис и Норман Лир.

Можете да прочитате

Село на духови во Франција: 110 години нема жители, земјата крие смртоносна опасност

Diamond Mall одбележува три години со нови содржини, брендови и иницијативи за заедницата

Насилство, непознати лица и опасни предизвици – што гледаат децата на YouTube и што играат на интернет?