Утрински Весник
Свет

ЕК му се закани на Маск со санкции за суспендирањето на профилите на новинарите

ЕК му се закани на Маск со санкции за суспендирањето на профилите на новинарите

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова, денеска предупреди дека сопственикот на „Твитер“, Илон Маск, може да се соочи со санкции поради суспендирање на сметките на неколку американски новинари, кои го критикуваа.

dobivaj vesti na viber

Нарекувајќи го тој потег „загрижувачки“, потпретседателката Јоурова потсети дека има црвени линии.

„Загрижувачка е веста за произволно суспендирање профили на новинари на ‘Твитер’. Законот за дигиталните услуги на ЕУ бара почитување на слободата на медиумите и основните права. Ова е засилено со нашиот Закон за слобода на медиумите.

Илон Маск треба да биде свесен за тоа. „ Ќе има санкции набргу“, напиша таа, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза