Утрински Весник
Свет

МОК и Зеленски не се согласуваат за учество на руски спортисти на Олимписките игри

МОК и Зеленски не се согласуваат за учество на руски спортисти на Олимписките игри

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах изјави дека се разгледува можноста за учество на Русите и Белорусите на Олимписките игри во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повика на забрана за учество на руски и белоруски спортисти, објави денеска МОК.

dobivaj vesti na viber

Бах му рекол на Зеленски дека Олимпијадата има обединувачка мисија, додека украинскиот претседател се противи на идејата руските спортисти да учествуваат под какво било неутрално знаме на Летните олимписки игри 2024 година во Париз, бидејќи „сите нивни знамиња се извалкани со крв“, пренесува Ројтерс.

Според извештаите, МОК се движи кон вклучување на руски и белоруски спортисти како неутрални на Олимписките игри во 2024 година, што Бах му го пренел на Зеленски, кој, сепак, побарал целосна изолација на Русија и Русите од светската заедница,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници