Утрински Весник
Магазин

Илон Маск продаде акции на „Тесла“ во вредност од 3,6 милијарди долари

Илон Маск продаде акции на „Тесла“ во вредност од 3,6 милијарди долари

Мултимилијардерот Илон Маск продаде уште 22 милиона акции во вредност од речиси 3,58 милијарди долари од производителот на електрични автомобили „Тесла“.

dobivaj vesti na viber

Акциите беа продадени во понеделникот, во вторникот и во средата оваа недела, според поднесеното барање до американскиот финансиски регулатор.

Со оваа трансакција вкупниот број акции што ги продаде Маск во текот на изминатата година е во вредност од речиси 40 милијарди долари.

Претходно оваа недела, Маск ја загуби титулата најбогат човек на светот.

Причината за најновата продажба на акции не е откриена.

„Тесла“ е една од акциите со најлоши перформанси меѓу големите производители на автомобили и технолошки компании оваа година бидејќи инвеститорите се загрижени дека купувањето на „Твитер“ од страна на Маск го пренасочува неговото внимание.

Во средата вредноста на акциите на „Тесла“ котирани на технолошки индекс „Насдак“ во Њујорк се затвори под 500 милијарди долари првпат од 2020 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста