Утрински Весник
Свет

Подарок што полски шеф на полицијата го добил во Украина, експлодирал во Варшава

Подарок што полски шеф на полицијата го добил во Украина, експлодирал во Варшава

Подарок ​​што полскиот шеф на полицијата го доби за време на неодамнешната посета на Украина, експлодира во седиштето на полицијата во Варшава. Полесно се повредени командирот и еден цивилен вработен, соопшти полското МВР.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случила вчера околу 7:50 часот, соопшти Министерството, кое не прецизирало каков предмет на подарок добил командантот на полската полиција за време на работната посета на Украина, пренесува АП.

„Полска побара објаснување од украинската страна“

Командантот се сретна со водачите на украинската полиција и службите за итни случаи во неделата и понеделникот, соопшти Министерството.

„Полска побара објаснување од украинската страна“, се вели во соопштението на полското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението објавено денеска, се наведува дека полицискиот командир од вчера е во болница на опсервација, додека последниот повреден цивил не е хоспитализиран бидејќи тоа не било потребно.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата