Утрински Весник
Свет

Борел: Отстранете ги барикадите, дијалогот е единствениот пат за европската перспектива на Косово и Србија

Борел: Отстранете ги барикадите, дијалогот е единствениот пат за европската перспектива на Косово и Србија

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска апелираше да се смири ситуацијата на северот на Косово и ги повика Белград и Приштина да се вратат на разговорите за европскиот предлог за дијалог.

dobivaj vesti na viber

„Апсолутно е важно да се запрат ваквите проблеми, да се отстранат барикадите, да се смири ситуацијата и да се вратиме на дискусијата за предлогот што го ставивме на маса со цел да се најде трајно решение за тензиите меѓу Приштина и Белград“, рече Борел по пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Борел рече дека ќе ги информира европските лидери за ситуацијата и разговорите што претходните два дена ги имаше специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак во Белград и Приштина.

„Последниве неколку дена се соочуваме со големи проблеми на северот на Косово… Повикувам на смирување на ситуацијата и враќање на дијалогот, што е единствениот пат за европската перспектива на Косово и Србија“, рече Борел.

Шефот на европската дипломатија изрази надеж дека европските лидери денеска ќе се договорат за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, што би било важен чекор за таа земја и за целиот регион.

„Силно го поддржувам тоа. Тоа ќе биде добра можност за водачите на БиХ да продолжат со реформите и земјата навистина да започне на европскиот пат“, рече Борел.

Можете да прочитате

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина