Утрински Весник
Македонија

(Видео) Коцевски: Спасовски со свој потпис го назначил командирот Аме, кој одлежал затвор за криумчарење

(Видео) Коцевски: Спасовски со свој потпис го назначил командирот Аме, кој одлежал затвор за криумчарење
Dik 300x250 mk

„Оливер Спасовски на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато назначил осудено лице кое веќе лежело затвор за криумчање и злоупотреба на службената положба. Оливер Спасовски наместо да се извини и да го разреши Бесфор Аме осуден криминалец со одлежан затвор, тој го штити. Вчера објавивме дека со потпис на Спасовски, Бесфор Аме, дел од аферата “Милка” кој како полициски службеник овозможил криумчарење на стока од Македонија во Албанија е назначен на командирска позиција во РЦ Запад, ГП Блато. A Оливер Спасовски наместо да го разреши и понесе и самиот одговорност, се крие зад соопштенија“ рече на денешната прес-конференција Зоран Коцевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Коцевски вели дека „сегашниот командир на ГП Блато, Бесфор Аме во 2013 година на граничен премин во оперативна акција е документиран, а потоа и обвинет и притворен, за на крај и осуден со казна затвор за криумчарење и злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Бесфор Аме е правосилно осуден, и истиот одлежал и 3 ипол години затвор, затоа што како полициски службеник бил дел од аферата “Милка” во која полициските службеници земале по 3.5 евра по килограм добиток за шверц на истиот преку граница од Македонија во Албанија“ вели тој.

Од опозицијата бараат „Спасовски да каже, дали Бесфор Аме е назначен за командир на ГП Блато за да може да продолжи со прекуграничен криминал?“.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!