Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Со развоен буџет за МВР од 182,7 милиони евра создаваме ефикасна, одговорна и модерна полиција

Ковачевски: Со развоен буџет за МВР од 182,7 милиони евра создаваме ефикасна, одговорна и модерна полиција

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција го презентираа Предлог-буџетот на МВР за 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Премиерот најави дека со зголемувањето од 6% идната година буџетот на ова министерство ќе изнесува вкупно 182,7милиони евра, средства кои главно се насочени за модернизација, професионализација и подобри услови за работа на полицијата во интерес на граѓаните, мирот и стабилноста во државата.

„Темелот на нашиот безбедносен систем е добро подготвена и добро опремена полиција, и затоа Владата на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетот на Министерството за внатрешни работи го зголемува за 6%. Предлог-буџетот на МВР за следната година е 182,7 милиони евра“ порача Ковачевски.

Тој посочи дека „вработените во МВР, извршуваат многу одговорна функција, со својата посветеност во работата превземаат ризик и ние како Влада тоа го почитуваме, затоа во три наврати досега по 5% ги зголемивме платите на сите вработени во МВР, а покрај редовната исплата на плати, редовно се исплаќаат и предвидените додатоци. И во овој Предлог-буџет е планирана ставка за исплата на бонус плати за 2022 година, за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво“.

„Предлог-буџетот на МВР за 2023 година е за продолжување на процеси и реформи за модерна полиција, бидејќи безбедносниот систем е еден од најкруцијалните фактори на државата, како идна членка на ЕУ и како членка на НАТО“ рече премиерот.

Можете да прочитате

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток

Врховниот суд ја потврди казната за Јованов од 13 години во случајот „Кулакова“

Макрадули загрижен за СДСМ, молкот не е решение